Како што информира Николоски на својот Фејсбук -профил, во обраќањето се осврнал и на активностите на Министерството за транспорт, како и на сите инвестиции на стратешките проекти како што е брзата пруга на коридорот 10.
„Потенцирав и за напредокот во изградбата на автопатите. Силно се работи на коридорот 8, како и на поврзувањето на Прилеп и Битола, односно коридорот 10д“, наведува Николоски во објавата.






