петок, 24 април 2026

Лесната пешадиска баталјонска група на АРМ го мина НАТО-мониторингот како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“

Во кампот за обука „Пепелиште“, по реализираните активности на националната теренска вежба „Блесок 26“ и по завршувањето на последниот настан од главната листа на настани и инциденти, денеска успешно е завршен процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), согласно стандардите за оценување на копнени команди и единици од Здружената команда за операции на НАТО, соопштија попладнево од Генералштабот на Армијата.

Објавено на

часот

Сподели

На денешното официјално соопштување на оценката од страна на оценувачкиот тим и НАТО мониторите, на командантот на ЛПБГ му било соопштено дека единицата ги исполнува сите предвидени стандарди и била оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“.

„Сениор НАТО-мониторот, полковник Христос Стаматиу од НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција (NATO Rapid Deployable Corps – Greece, NRDC-GR) оцени дека: ‘Eвалуацијата на Лесната пешадиска баталјонска група беше спроведена на многу професионален и компетентен начин. Сите членови од оценувачкиот тим беа целосно запознаени со методите и процедурите за евалуација, во согласност со соодветната документација на НАТО. Оценувачите, под постојано и високо ефикасно водство од директорот на оценувачкиот тим, ја искористија секоја можност да ги следат подготовките и дејствијата на единицата на терен и да ги евидентираат своите забелешки со прецизност и објективност’ “ , се наведува во соопштението од АРМ.

Во рамки на настанот, директорот на оценувачкиот тим, потполковник Горан Кимов истакнал дека е чест и гордост што ЛПБГ го заврши оценувањето со највисоки резултати.

„Припадниците на единицата покажаа одлични резултати и ги потврдија сите критериуми и стандарди на оценување“,  изјавил потполковникот Кимов.

На соопштувањето на оценката присуствувал и командантот на Првата пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски, кој се заблагодарил на сите учесници на вежбата, како и на НАТО-мониторите за покажаниот професионализам при извршување на задачите во рамките на вежбата.

„Со успешно реализираното оценување, ЛПБГ ја потврди својата обученост, високата борбена подготвеност и интероперабилност со сојузниците, што претставува значаен придонес во зајакнувањето на капацитетите на Армијата и НАТО“,  се нагласува во соопштението на Генералштабот на Армијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ