петок, 24 април 2026

МЗ: Граѓаните да користат услуги исклучиво од овластени и лиценцирани даватели на здравствена заштита

Министерството за здравство ја информира јавноста дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем.

Објавено на

часот

Сподели

Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи, се наведува во денешното соопштение, како став на Министерството за здравство за актуелната акција преземена од страна на Министерството за внатрешни работи.

Министерот за здравство Азир Алиу преку писмена изјава нагласува дека безбедноста на пациентите и квалитетот на здравствените услуги се врвен приоритет.

„Најголем дел од здравствените работници чесно, совесно и стручно ја работат својата работа. Апелираме доследно да ги почитуваат професионалните и етичките норми. Апел до граѓаните е да користат услуги исклучиво од овластени и лиценцирани даватели на здравствена заштита. Истовремено, потсетуваме на начелото за пресумција на невиност“, порачува Алиу во изјавата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ