По победите над Белгија и Грузија, македонските млади ракометарки ја совладаа и Словачка, па во четвртфиналето ќе играат со Романија или Бразил.
По првото полувреме резултатот беше 11-7, а во вториот дел Македонија почна да ја зголемува предноста до конечни 28-13.
Најефикасна во нашиот состав беше Рона Мифтари со седум голови, Ања Лашкоска постигна пет, а Ивана Трифуноска четири.
Утре е слободен ден на Светското училишно првенство во ракомет.






