среда, 22 април 2026

Клиперс ќе играат во финалето на западот, Филаделфија се избори за мајсторка со Атланта (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лос Анџелес Клиперс за првпат во својата историја ќе играат во финале на западот, со 4-2 ја добија серијата со Јута, а синоќа го зададоа завршниот удар.
 
На почетокот од третата четвртина Јута имаше предност од фантастични 25 поени, но следуваше фуриозен втор дел на Лос Анџелес Клиперс по што на крајот го добија мечот со убедливи 131-119.
 
Теренс Мен имаше луда партија, постигна 39 поени и беше најефикасен кај Клиперс, Пол Џорџ реализираше 28 поени, кај Јута Мичел постигна 39.
 
Во финалето на западот Клиперс ќе играат со Феникс кој со 4-0 беше подобар од Денвер.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=25tHXH1UjhQ autoplay:0]
 
Филаделфија се избори за мајсторка откако ја совлада Атланта на нејзин терен со 104-99.
 
Сет Кари и Харис постигнаа по 24 поени, Ембид имаше 22 поени и 13 скокови. Во составот на Атланта Јанг беше брилијантен со 34 поени и 12 асистенции, но немаше голема поддршка од другите.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=1XKzY6L06j0 autoplay:0]
 
Резултати:
 
Атланта – Филаделфија 99:104 (3-3)
ЛА Клиперс – Јута 131:119 (4-2)
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ