недела, 13 јули 2025

Кансело ја имаше најемотивната порака за Жота: Не загубивме само фудбалер…

Фудбалскиот свет синоќа го потресе веста за смртта на Диого Жота, сите се збогуваа со португалскиот фудбалер, а најемотивната порака ја испрати Жоао Кансело.

Објавено на

часот

Сподели

Кансело му беше соиграч на Жота од репрезентацијата на Португалија, тој потсети дека загубата не е само фудбалска.

„Денеска не се разбудивме само без двајца фудбалери. Денеска три деца се разбудија без татко. Денеска мајка и татко се разбудија без двата сина. Денеска сопругата се разбуди без својот сопруг покрај неа. Денеска сите се разбудивме во шок.

Денеска светот жали и ова е еден од оние моменти кога треба да застанеме и да покажеме вистински чувства, како и да го цениме она што го имаме“, порача Кансело.

Фото: X/Portugal

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ