недела, 20 јули 2025

Голем потег на Ливерпул, ќе го исплатат целиот договор на Диого Жота на неговото семејство

Управата на Ливерпул реши да го исплати преостанатиот дел од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.

Објавено на

часот

Сподели

Износот од преостанатите две години колку што беше актуелниот договор на Жота со Ливерпул, ќе биде исплатен на сметка на неговото семејство, реши клубот од Енфилд.

Со овој гест Ливерпул сака да му даде поддршка на семејството на Жота кој зад себе остави три деца и сопруга.

Жота загина во сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат Андре кој исто така е фудбалер.

Дополнително, Ливерпул одлучи да го повлече дресот со број 20 со кој настапуваше Жота, а во план е и формирање на фондација или меморијален проект кој ќе го носи неговото име.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ