понеделник, 27 април 2026

Роналдо и забранил на својата мајка да гледа натпревари: Немам татко, не сакам да останам и без тебе

Објавено на

часот

Сподели

Новинарот Пирс Морган, кој имаше прилика да седне на разговор со Кристијано Роналдо во Торино, открива дека мајката на ЦР7, Долорес има забрана да гледа важни натпревари на својот син.

Нервозата си го правела своето, таа два пати се онесвестила на стадион, а во една прилика искршила и неколку заби кога паднала на земја.

„Има забрана да гледа важни натпревари“ – му рекол Кристијано Роналдо на Пирс Морган. „И кажав, „Слушај, немам татко, не сакам да останам и без мајка ми, па нема да гледаш четвртфиналиња, полуфиналиња и финалиња““.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ