Младите ракометарки во полуфиналето ја совлада Турција со 30-22.
Избраничките на Даниела Новска Вељановска одиграа сигурен натпревар во салата „Македонско Сонце“. По израмнетото прво полувреме 12-12, Македонија во продолжението доминираше и стигна до убедлива победа.
Во битката за златото, Македонија ќе игра против Хрватска, која во полуфиналето ја елиминираше Романија.






