Франк Кеси и Милан подолго време преговараат за продолжување на соработката, но двете страни никако да најдат компромис за висината на платата. Во последно време се шпекулира дека ПСЖ внимателно ја следи ситуацијата и би можел да ја копира „операцијата Донарума“ и следното лето беспари да го донесе репрезентативецот на БСК во своите редови.
Медиумите од Франција сега пишуваат дека Франк Кеси уште во јануари би можел да заврши во Париз. Фотмеркато пренесува дека спортскиот директор Леонардо веќе остварил контакт со Паоло Малдини и се распрашувал за трансфер во зимскиот проден рок.
Милан би можел да се реши на еден ваков чекор со цел да заработи неколку милиони и да не остане со празни раце по крајот на сезоната.
Се говори дека ПСЖ веќе е во контакт со агентите на Франк Кеси и му нудат плата од 9 милиони евра по сезона. Во моментов, Милан на маса има ставено плата од 6,5 милиони евра.
Останува да се види дали Франк Кеси ќе заврши во Париз или само го користи ПСЖ за да добие подобра понуда од „росонерите“, се верува дека тој бара 8 милиони евра по сезона за да остане на Сан Сиро.






