понеделник, 27 април 2026

Пикси: Митровиќ е како Дарко Панчев

Објавено на

часот

Сподели

Србија синоќа го победи Луксембург со 4-1, а Александар Митровиќ постигна два гола. Српскиот напаѓач веќе дојде до бројка од седум голови во овие квалификакции.
 
Пикси е полн со пофалби за Митровиќ, го спореди со Панчев со кој заедно играше во Црвена звезда.
 
„Митровиќ е копија на Дарко Панчев.  Немилосрден во шеснаесетникот, неверојатно чувство за шанса, а тоа се карактеристики за расен напаѓач од кого се очекуваат голови. Не знам дали некој можеше и да помисли дека нема да даде гол. Митровиќ е многу сличен на Панчев, кој даваше голови кога најмалку се очекуваше, а тоа сега го прави и Александар. Не знам што се случува со него, ама изгледа му одговарам како селектор. Мислам дека би му одговарал и како соиграч, со мене ќе се изнадава голови. Мене тоа што ми се допаѓа е дека има самодоверба, а и не е себичен за да мисли само тој како да даде гол“, вели Драган Стојковиќ – Пикси.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ