петок, 18 јули 2025
Капитенот на Португалија доби многу критики

Откриена причината зошто Кристијано Роналдо не беше на погребот на Диого Жота и Андре Силва

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо синоќа не беше присутен на погребот на браќата Диого Жота и Андре Силва, фудбалерот на Ал Наср не сакал „циркус“ и креирање дополнителни проблеми за семејствата.

Објавено на

часот

Сподели

Диого Жота и Андре Силва вчера беа погребани во Гондомар, градче во близината на Порто, а на церемонијата присуствуваа неколку фудбалери од репрезентацијата на Португалија.

Рубен Невеш, кој само неколку часа претходно настапуваше со Ал Хилал на Светското клупско првенство, дури и беше едно од лицата кои го носеа ковчегот.

Кристијано Роналдо не се појави и неговото отсуство предизвика лавни реакции, многумина сметаа дека тој како капитен на репрезентацијата, морал да биде таму.

Но како што пренесуваат локалните медиуми, Кристијано Роналдо одлучил да не присуствува на погребот за да се избегне „циркус“ и креирање „додатни проблеми за семејствата“, односно тој да биде во главниот фокус кога всушност е потребно да се обезбеди утеха на луѓето кои претрпеле голема трагедија.

Напаѓачот стапил во контакт со родителите на Андре Силв и Диого Жота, како и со неговата сопруга Руте и сите се сложиле дека ова е најдобрата опција. Тој исто така им понудил помош и ги уверил дека ќе биде тука за нив секогаш кога ќе имаат потреба.

ФОТО: X/@selecaoportugal

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ