недела, 26 април 2026

Останавме без единствениот Македонец во Бундеслигата, Чурлинов се сели на позајмица во Шалке

Објавено на

часот

Сподели

Оваа сезона нема да има ниту еден Македонец во Бундеслигата, Штутгарт реши да го испрати Дарко Чурлинов на позајмица.

Популарните „шваби“ сметаат дека Македонецот нема да има доволна минутажа доколку остане, па со Шалке се договориле тој да настапува во Гелзенкирхен во следните 12 месеци.

21 годишниот офанзивен фудбалер денеска ќе ги помине редовните лекарски прегледи и ќе стави потпис на договорот.

Шалке прави голема реконструкција на тимот ова лето откако испаднаа во втора Бундеслига, Дарко Чурлинов треба да биде 15-то засилување за „сините“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ