недела, 26 април 2026

Дел од сообраќајниците во општина Аеродром денеска ќе бидат затворени

Меморијална дуатлон трка денеска се одржува во чест на основачот на Триатлон федерацијата на Македонија, Ѓоко Кузмановски. Предвидени се четири старта, а во 13:30 се очекува финишот на последниот натпреварувач од последниот старт.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Патеката на движење е на подрачјето на општина Аеродром, пред СЦ „Јане Сандански“. Стартот ќе биде пред влезот на СЦ „Јане Сандански“, ќе се продолжува по булеварот „АСНОМ“ во правец кон хотелот „Хилтон“.

Трката е во календарот на Триатлон федерацијата на Македонија и се одржува според врвни стандарди и во согласност со светските правила. Натпреварот ќе се одвива во три последователни сегменти: прво трчање, потоа возење велосипед и завршно повторно трчање.

Организатор е Спорт клуб СОФКА од Скопје, во соработка со Триатлон федерација на Македонија и Сојуз на спортови на Скопје.

Со овој настан, како што информираат организаторите, ќе му се оддаде признание на Кузмановски за неговиот придонес за развојот на триатлонот во земјата.

Поради одржувањето на трката привремено се затворени дел од сообраќајниците во општина Аеродром, односно затворена во двете насоки е улицата „Васко Карангелески“ од крстосницата кај СЦ „Јане Сандански“ до влезовите на паркинзите кај Мајчин дом и блокот на зелените згради, булеварот „АСНОМ“ од крстосницата  кај СЦ „Јане Сандански“ до крстосницата со булеварот „Србија“, со исклучок на делот кај хотелот „Хилтон“, каде ќе има контролиран пристап до паркингот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ