сабота, 25 април 2026

Скандал во калчото: Поранешен елитен судија може да заврши и во затвор

Италијанскиот фудбал повторно е во центарот на скандал.

Објавено на

часот

Сподели

Откако обвинителството во Милано покрена истрага против поранешниот арбитар Џанлука Роки поради сомнежи за влијание врз натпревари во Серија А. Според наводите, 52-годишникот се товари за криминална завера и спортска измама, со индиции дека директно влијаел врз одлуките на ВАР-судиите.

Еден од клучните случаи е натпреварот меѓу Удинезе и Парма од март 2025, кога првичната одлука да нема пенал била сменета по реакција од ВАР-собата, каде наводно Роки извршил притисок.

Под сомнение е и ситуацијата со Алесандро Бастони на дуелот меѓу Интер и Верона, кога и покрај јасен прекршок не бил досуден црвен картон по наводна интервенција.

Доколку обвиненијата се докажат, Роки се соочува со затворска казна од 2 до 5 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ