сабота, 25 април 2026

Охрид со „минус еден“ се врати од Целје и остана во игра за европско финале

Ракометарите на ГРК Охрид се поразени на гостувањето кај Целје со 27-26 во првиот полуфинален натпревар од Европскиот куп на ЕХФ, но и покрај неуспехот остануваат во игра за финале.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Борис Ројевиќ одигра меч со две лица. Охриѓани отворија фуриозно и поведоа со 0-6, но потоа следеше голем пад во играта. Долги 11 минути без постигнат гол беа доволни Целје да направи серија од 8-0 и да го сврти резултатот во своја корист за 15-11 на паузата.

Во вториот дел домашните стигнаа и до највисоки 22-15, но „гладијаторите“ не се предадоа. Со подобра одбрана и посигурен напад успеаја да се вратат во игра и во финишот да дојдат на само еден гол негатива. Сепак, немаа сили за целосен пресврт.

Најефикасен на натпреварот беше Аљуш Анжиќ со осум гола, додека кај Охрид се истакна Дарко Ѓукиќ со пет погодоци.

Поразот од еден гол разлика остава отворена пресметка, па Охрид ќе има реална шанса за финале на реваншот пред своја публика на 2 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ