Според пријавата, пред две години, на 29 април 2024, пријавените со неизвршување на своите службени должности во текот на управна постапка, постапиле спротивно на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата, Законот за води и Законот за градење.
„Првопријавениот, во својство на овластен комунален инспектор во Општина Дојран, изготвил одобрение за градење на угостителски објект со хотелско сместување на инвеститор од Струмица, иако во основниот проект недостигала задолжителна водостопанска согласност. Второпријавениот, вработен како самостоен референт во областа на урбанизмот и градежништвото, го контролирал и одобрил издаденото одобрение, и покрај утврдените недостатоци. Третопријавениот, кој во тој период ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дојран, го потпишал и го издал одобрението за градење“, соопшти МВР во дневниот билтен.






