„Ваквото ретерирање, односно повлекување од идејата за излегување од Собрание, е една од добрите работи на ова партиско раководство предводено од Филипче, со што СДС се враќа на изворната идеја за укинување на техничката влада. Но, тоа што се потврдува и што е неспорен факт, СДС и Филипче никако да направат нешто добро за Македонија, за своите лични, партиски и бизнис интереси, се противат на се што значи реформа и напредок на државата. Ова раководство на СДС му служи единствено на Зоран Заев, за тоа и се заканија со излегување од Собрание и напуштање на работните групи за закони кои се дел од Агендата за реформи, што значи прилагодување на македонското со ЕУ законодавство и со тоа напредок на интегративниот процес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Со ваквото служење на Заев, додаваат од партијата, наместо на државата, се покажува дека „СДС и Филипче поддржуваат корупција, криминал, национални предавства“.
„Заев е лик кој наместо да му мисли добро на СДС, која е пред распаѓање, му дава насоки на Филипче да ја става партијата во служба на туѓи политички агенди и интереси. Венко Филипче и СДС треба да разберат дека со ваквото служење на Заев и со заканите за излегување од Собрание, го блокираат патот на Македонија кон Европската Унија“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.






