Дуелот ќе се игра на стадионот „Асим Ферхатовиќ“, кој нема да биде исполнет до последното место поради ограничувања, но се очекува одлична атмосфера пред речиси трибини. Претходно беше објавено дека се продадени околу 22.000 билети, а сега и официјално продажбата е затворена.
За домашните навивачи ова ќе биде последна можност да ја испратат својата селекција пред настапот на Светското првенство, додека како последна проверка пред турнирот се најавува и пријателски натпревар со Панама во САД.
На Мундијалот, Босна и Херцеговина ќе игра во група со Швајцарија, Канада и Катар.






