сабота, 25 април 2026

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговскиот центар Сити мол

Лажна е дојавата за поставени бомби во трговскиот центар Сити мол во Скопје, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР) откако денеска доцна попладне на електронска адреса на министерството била добиена порака со закана дека во трговскиот центар Сити мол во Скопје се поставени експлозивни направи.
Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби“, се наведува во соопштението на МВР.

Како што соопшти претходно МВР, денеска доцна попладне на електронска адреса на министерството била добиена порака со закана дека во трговскиот центар Сити мол во Скопје се поставени експлозивни направи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ