недела, 26 април 2026

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози, информира Автомотосојузот на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ