Заврши трансфер сагата на Мануел Локатели, играчот доби неколку понуди ова лето, но тој во мислите го имаше само Јувентус, па по долги преговори, „старата дама“ и Сасуоло вчера си подадоа рака.
Италијанецот утрово пристигна во Торино на рeдовни лекарски прегледи и вечерва стави потпис на договорот.
Неговиот трансфер може да достигне до 37,5 милиони евра а Јувентус ги откри деталите од зделката. Мануел Локатели пристигнува на двегодишна позајмица со обврска во целост да биде купен до крајот на сезоната 2022/23.
Обврската се активира кога ќе бидат остварени одредени спортски цели, се верува дека се работи за освојување на првиот бод/бодови во вториот дел од сезоната, а треба да бидат платени 25 милиони евра во период од три години.
Јувентус исто така треба да плати додатни 12,5 милиони евра во бонуси кои ќе бидат поврзани со остварување на одредени спортски цели.
???????? ?????????? ➡️ ?
✍️ https://t.co/Ijw91pHjIS
#LocatelliAnnounced pic.twitter.com/AJT368qvJx— JuventusFC (@juventusfcen) August 18, 2021






