Емилијано Мартинез, како 17 годишно момче во 2010 ја напушти Аргентина и се пресели во Арсенал во трансфер вреден нешто над 1 милион фунти. Во клубот од Северен Лондон помина десет години, но најчесто беше праќан на позајмици за минатото лето да се пресели во Астон Вила во зделка вредна околу 20 милиони фунти.
На Вила Парк тој ја зграби укажаната шанса, ги покажа своите квалитети па сега е прв чувар на мрежата на Аргентина, ова лето беше прогласен за најдобар голман на Копа Америка.
Во разговор со Ел Паис, Емилијано Мартинез вели дека не сакал да направи трансфер во Арсенал, но го сторил тоа бидејќи неговото семејство немало пари.
„Арсенал дојде да ме бара и Пеп Санторо (тренер во Индепендиенте) ми кажа дека возот поминува само еднаш“ – вели Емилијано Мартинез.
„Моето семејство и агентите го мислеа истото, па одлуката која ја донесов беше повеќе за нив, отколку за мене“.
„Не сакав да одам. Не дека жалам што се преселив во Арсенал, едноставно сакав да играм за Индепендиенте. Си реков, „Ако останам, за две години ќе дебитирам“. Но моето семејство немаше доволно финансии, па направив трансфер поради парите“.
Емилијано Мартинез беше еден од четворицата играчи поради кои настанат циркузот на мечот помеѓу Бразил и Аргентина изминатиов викенд, кога здравствените власти и полицијата влегоа на терен да апсат поради прекршување на мерките за ковид-19.






