вторник, 28 април 2026

Меси го постигна првиот гол за ПСЖ, победа над Манчестер Сити (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ ја доби денешната битка со Манчестер Сити, дојде до првата победа оваа година во Лигата на шампионите.
 
Домаќините поведоа уште во осмата минута со гол на Геј кој убаво пласираше една топка.
 
Манчестер Сити можеше брзо да израмни, но двапати во една акција ја погоди пречката, промашувањето на Бернардо Силва беше неверојатно.
 
Во финишот од првиот дел Де Брујне направи старт за црвен картон, но судијата му даде само жолт.
 
Во вториот дел Манчестер Сити доминираше на теренот, но не успеа да постигне гол. 
 
За разлика од нив, тивкиот Меси до 74. минута, по едно одлично проигрување со Мбапе постигна прекрасен гол за 2-0.
 
Во вториот меч од оваа група Клуб Бриж со пресврт со 2-1 победи на гостувањето кај Лајпциг. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ