вторник, 28 април 2026

Јахтата на најбогатиот Русин помина низ Ормус

Суперјахтата во сопственост на санкционираниот руски милијардер Алексеј Мордашов помина низ Ормускиот теснец и покрај ограничувањата за пловидба што се во сила во стратешкиот премин, според податоците за следење на бродовите. Преминувањето се случило во услови на зголемени тензии и поморска блокада во регионот, објавува Киев Индепендент.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на сервисот Марин трафик и Веселфајндер, јахтата Норд долга 142 метри испловила од Дубаи и поминала низ теснецот ноќта на 25 април на пат кон Оман. Неколку други бродови наводно поминале низ теснецот во истиот период, вклучувајќи два танкери под американски санкции, пет товарни бродови и еден патнички траект.

Мордашов, мнозински сопственик на фабриката за челик „Северстал“, е најбогатиот човек во Русија, според Форбс, со проценето богатство од 37 милијарди долари. Тој ја започнал својата кариера уште во советската ера и подем доживеал за време на приватизацијата во 1990-тите, кога ја презел контролата врз тогашната државна компанија и ја претворил во еден од најголемите производители на челик во Русија. Освен во металургијата, тој инвестирал и во банкарство, туризам и медиуми, дополнително проширувајќи ја својата бизнис империја.

По почетокот на инвазијата на Украина, Мордашов се најде на списокот на санкционирани руски олигарси во Европската Унија и другите западни земји. Санкциите вклучуваа замрзнување на средства и ограничувања за патување, со образложение дека припаѓал на круг бизнисмени блиски до Кремљ.

Иако јавно повикуваше на мир и преговори, неговото меѓународно бизнис влијание е значително намалено, а дел од неговите средства, вклучувајќи луксузни јахти и акции во компании надвор од Русија, се под притисок од мерките за санкции.

Патувањето се одвива во време кога Иран го ограничува пристапот до Ормус, еден од најважните светски патни правци за превоз на нафта, поради војната со САД и Израел што избувна кон крајот на февруари. Ормускиот теснец е во центарот на регионалните тензии откако Техеран го прогласи за затворен по почетокот на американските и израелските напади врз Иран на 28 февруари, што го натера Вашингтон да воведе поморска блокада на иранските пристаништа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ