недела, 26 април 2026

Леви не одговара на повиците од Манчестер Сити, Кејн разочаран зошто не го почитува договорот

Објавено на

часот

Сподели

Даниел Леви уште еднаш покажува дека е тежок човек за преговори, неколку извори од Англија пренесуваат дека Манчестер Сити е подготвен да плати рекордни 125 милиони фунти за услугите на Хари Кејн, но првиот човек на Тотнем одбива да прифати продажба и не крева слушалка.

Сето ова го фрустрира Хари Кејн, кој е разочаран од однесувањето на Даниел Леви. Напаѓачот верува дека има џентлменски договор помеѓу двете страни и „спарси“ треба да му дозволат да направи трансфер.

Како што пишуваат медиумите, Даниел Леви минатото лето му порачал на Хари Кејн дека Тотнем ќе стори се за во сезоната 2020/21 да биде освоен трофеј и да се обезбеди настап во Лигата на шампионите, а доколку не се остварат овие цели, тој ќе може да го напушти клубот.

„Спарси“ минатата сезона ја завршија без трофеј и на позицијата број 7 во Премиерлигата, па сега ќе играат во Конференциска лига, најслабото натпреварување во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ