Хари Кејн сака да замине од Тотнем, Манчестер Сити притиска да го купи, Даниел Леви засега игра тврдо и одбива да го продаде.
Иднината на Хари Кејн се уште не е дефинирана, фактот што напаѓачот остана во Лондон значи дека трансферот се уште може да се реализира.
Кејн е разочаран бидејќи минатата сезона добил ветување од Даниел Леви дека ќе му овозможи трансфер доколку тимот не се пласира во Лигата на шампионите, но сопственикот на Тотнем не си стои на зборот.
Кејн синоќа првпат тренираше со остатокот на тимот, претходно работеше сам поради тоа што одреден период требаше да помине во изолација по враќањето од Бахамите каде беше на одмор.
Манчестер Сити имаше лош влез во сезоната, загуби од Лестер во Комјунити Шилд, беше поразен и од Тотнем на стартот од сезоната. На овие две дуели тимот на Гвардиола не постигна ниту еден гол, на Пеп очајно му е потребен напаѓач.






