понеделник, 27 април 2026

„Халанд ќе се пресели во Премиерлигата, таму се парите“

Објавено на

часот

Сподели

Ерлинг Халанд е мета на гиганти ширум Европа, неговто име често се поврзува со клубови како Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, ПСЖ, Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.

Се верува дека тој по крајот на сезоната ќе направи трансфер, во неговиот договор ќе се активира клаузула од 75 милиони евра (може да порасне и до 90 милиони), сума која нема да биде проблем за најсилните клубови од стартиот континент.

Во разговор со Билд, Арсен Венгер даде свое видување за иднината на Норвежанецот, и очекува Ерлинг Халанд да направи трансфер во Премиерлигата.

„Очекувам тој да се пресели во Премиерлигата. Економската моќ на клубовите од Англија е пресилна. Англискиот фудбал доминира бидејќи таму се парите. Најдобрите играчи секогаш одат таму каде што има најмногу пари“ – вели поранешниот тренер на Арсенал.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ