понеделник, 27 април 2026

Франција веќе пет меча по ред не знае за победа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Последен меч на кој Франција победи беше воведниот дуел од ЕП против Германија, отогаш одигра пет натпревари и ниту еднаш не се израдува.
 
Синоќа одиграа само 1-1 на гостувањето кај Украина. Домаќините поведоа со гол на Шапаренко во 44. минута, израмни Марсијал по пет минути игра во второто полувреме.
 
Хрватска со гол на Божовиќ ја совлада Словачка. Холандија со убедливи 4-0 беше подобра од Црна Гора. Турција со убедливи 3-0 очекувано победи кај Гибралтар.
 
Изненадување направи Австрија која со 5-2 ја победи Австрија, Шкотска со 1-0 славеше над Молдавија, со истиот резултат Данска победи на Фарските острови.
 
Во мечевите од 18 часот, Србија со 4-1 беше подобра од Луксембург, Словенија со 1-0 ја победи Малта. Норвешка со 2-0 славеше на гостувањето кај Летонија.
 
Република Ирска киксна откако дома одигра само 1-1 против Азербејџан, Русија со 2-0 победи на Кипар, а Финска со 1-0 го совлада Казахстан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ