недела, 26 април 2026

Донесена е одлука, Мбапе ќе остане во ПСЖ и оваа сезона

Објавено на

часот

Сподели

Мбапе и спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо синоќа имале состанок на кој донеле одлука фудбалерот да не биде продаден ова лето туку да си го испочитува договорот до крај.

Двајцата одлуката им ја соопштиле на останатите во клубот, Мбапе им потврдил на соиграчите дека останува и ќе игра за ПСЖ оваа сезона.

И покрај тоа што ПСЖ следното лето ќе го загуби Мбапе како слободен играч, тие сакаат оваа сезона да го имаат триото Нејмар – Меси – Мбапе со кое сметаат дека ќе можат да ја освојат Лигата на шампионите.

По овој состанок би требало да завршат сите шпекулации за Мбапе, тој комплетно да се фокусира на ПСЖ, а Реал Мадрид ќе може да го ангажира следното лето како слободен фудбалер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ