Светот на фудбалот и спортот утрово беше потресен од веста за страшна сообраќајна несреќа во која животот го загубија Диего Жота и неговиот брат Андре.
Несреќата се случил на 65-тиот километар од автопатот А-52, во насока кон Бенавенте, во близина на регионот Санабрија во Замора. Возилото излетало од патот поради пукање гума при престигнување. Според сведоци кои повикале 112, автомобилот бил зафатен од пламени, кои потоа се прошириле и на околната вегетација.
Весникот „Диарио де Кастилла и Леон“ објави ексклузивно видео од местото на трагичниот настан, а од снимките се гледа дека од Ламборгинито на фудбалерот на Ливерпул практично не останало ништо.
28 годишниот Диого Жота пред десетина дена се ожени со својата партнерка Руте Кардосо, со која имаше три деца.
Diogo Jota Lambo crashsite 😔💔#Liverpool #diogojota #portugal #lambo #wolves #a52 #Zamora pic.twitter.com/FqYLnguRew
— jay (@jay17584) July 3, 2025