четврток, 23 април 2026

Политиката го победи спортот на тркачката патека во Серес, Грција

Објавено на

часот

Сподели

Во Серес викендов беше предвидено да се возат петтата и шестата трка од Твинго Еврокуп бодувани согласно со регулативите и признанија на ФИА ЦЕЗ, со, секако, бодување и за првенството на Македонија и Словенија.

И покрај почитувањето на сите формалности и регулативи од страна на организаторот, како и предвременото исплаќање на сите организациски трошоци според договорот (вклучувајќи странски судии од ФИА, ФИА делегати од Словенија, маршали, па сѐ до директен пренос за емитување на трката итн) без навремена најава утрово организаторите на тркачката патека по налог на Грчката автомобилска федерација (ОМАЕ), како и Министерството за надворешни работи на Грција, не дозволија да се одржи настанот, како ни ексклузивно се користи патеката од страна на странските гости.

Како образложение за забраната за трката е наведено дека причината е спорот со називот на Автомобилистичката федерација на Македонија, која ја нема придавката „Северна“, согласно со Договорот од Преспа потпишан помеѓу двете држави. 

Во оваа прилика, вели организаторот, би сакале да изразиме голема благодарност до надлежните инситуции на нашата држава – Владата на РСМ и Министерството за надворешни работи, кои покажаа големо разбирање за целиот настан и дадоа сѐ што е во нивна надлежност да се разреши овој проблем. Сепак настанатиот спор помеѓу АФМ и Грчката автомобилска федерација (ОМАЕ) останува да го решат меѓусебно.

АКК Рено Спорт до сега има одржано две кружни трки на патеката во Серес без да има проблем од овој тип. Исто така од претходното раководство на ОМАЕ доби мејл во кој нудат поддршка и со кој искажуваат големо задоволство што ќе се одржува трка на нивната патека. За жал, се вмеша политиката и нестручноста на новото раководство, кои неспортски го забранија веќе договорениот настан.

Автомобилистичкиот картинг клуб Рено спорт продолжува со гордо претставување на нашата држава преку своите натпреварувачи со својот следен меѓународен настап на патеката Гробник во Хрватска од 23 до 25 јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ