вторник, 21 април 2026

Алкараз е подготвен да го жртвува настапот на Ролан Гарос

Карлос Алкараз синоќа ја прими наградата Лауреус за најдобар спортист во 2025 година, но на истата церемонија, тој даде изјава што го обиколи светот, а која не е поврзана со неговиот успех, туку со повредата на раката што го принуди да се повлече од Мастерсот во Мадрид.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шпанецот би бил главен фаворит за освојување на Ролан Гарос, но тој потврди дека неговото учество на грен-слем турнирот е доведен под знак прашалник. А речиси сигурно ќе го пропушти Мастерсот во Рим.

„Како што реков, ме очекува долга кариера, многу години добар тенис. Форсирањето на овој ‘Ролан Гарос’ би можело да ми нанесе многу штета за идните турнири. Затоа ќе видиме што ќе кажат тестовите, сè зависи од нив. Подобро е да се вратам малку подоцна, но целосно подготвен, отколку порано и неподготвен. Мора да бидеме внимателни, бидејќи кариерата на еден тенисер може да биде многу долга“, рече Алкараз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ