вторник, 21 април 2026

ТМРО: СДСМ е наследник на Комунистичката партија само кога се работеше за милионскиот имот

Вчера, на 20 април, партијата Социјалдемократски сојуз на Македонија, одбележа и прослави 35 години од постоењето.  Но претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански потсетува на претходниот политичкиот „багаж“ и континуитет на СДСМ, за што смета дека нивното неспомнување при одбележувањето на оваа годишнина е „манипулација со новите генерации“.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ наводно вчера славел 35 години постоење ?? Ова е чиста манипулација затоа што во 1991 тогашниот Сојуз на комунисти на Македонија се ребрендира во СКМ ПДП, а веднаш потоа и во СДСМ, но го задржа богатиот недвижен имот од СКМ повикувајќи се на континуитет. Значи кога се работеше за милионскиот имот е наследник на Комунистичката партија, а кога се манипулира со новите генерации денес во 2026 се лаже и крие вистината“, изјави претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ