По пауза од 581 ден, Марк Маркес забележа триумф во Мото ГП. Шпанецот стави крај на постот на својата омилена патека во Заксенринг, каде сега нареди 11 победи во низа.
Марк Маркез го превзеде водството на крајот од првиот круг, битка имаше само неколку свиока, а потоа возачот на Хонда се одлепи, особено кога почнаа да паѓаат капки дожд и не дозволи во ниту еден момент да му биде загрозена победата.
Зад него, Мигел Оливеира заврши како втор, додека пак лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартараро се најде на последното место на пиедесталот.
Во топ 10 уште завршија Биндер, Бањаја, Милер, Алеш Еспаргаро, Зарко, Мир и Пол Еспаргаро.






