среда, 22 април 2026

Сведоштво за трагедијата во Кочани: Пулс гореше, не стасав ни до вратата, а веќе бев заглавена, ме спаси обезбедувачот Стојанчо

Уште едно сведоштво на девојка која го преживеала пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во која лани во март загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денес даде исказ на судењето за оваа трагедија. Студентката Теа Георгиева се присети на кобната ноќ и рече дека пиротехниката ноќта на концертот на ДНК била поставена пред настапот на групата. Според нејзиниот исказ, прскалките од кои настана пожарот биле поставени веднаш до неа и пријателите со кои таа била излезена, па искоментирала

Објавено на

часот

Сподели

„Бевме со пријатели ноќта на пожарот, имаше обезбедување. Стоев на првата маса веднаш до бината. Пиротехниката ја поставија кога влеговме во дискотеката. Снимав со телефонот, но не го видов пожарот веднаш. Го забележав пожарот по една минута, бендот свираше, имаше оган и дим, но никој не мислеше дека е сериозно, останавме уште, на микрофот ни беше кажано да излеземе, но никој не разбра сериозно, побрзав да излезам, но забележав дека почнав да дишам тешко, имаше звуци како експлозии и чуден мирис. Видов дека се заглавувам во гужва, но не ни бевме свесни дека е толку страшно. Лежев беспомошно, барав помош како и сите други. Го видов Стојанче од обезбедувањето, ме извлече надвор. Веќе бев на сигурно и ги чекав моите родители да дојдат. До сега не сум осетила такво нешто, како кисел мирис“, сведочеше преживеаната девојка.

Поставувањето на пиротехниката беше кај 1 часот пред да почне настанот. На прашање на адвокатката Ивана Коцевска дали ќе се сложи сведокот дека ниту обвинетиот Дејан, ниту Михаил Јованов не ги поставиле прскалките во Пулс, девојката одговори потврдно.

“Стојанчо од обезбедувањето ме спаси мене, а Лазар ја спаси другарка ми, спаси и други лица, многу други беа спасени.

Адвокатот Јовица Страшевски праша: „Дали ќе се согласите ли со мене дека ако не беа членовите на обезбедувањето во дискотеката ќе имаше многу повеќе жртви?“.

И на ова таа одговори потврдно.

Од пожарот во Пулс студентката која денес беше во судница рече дека имала повреди на нозете, односно напукнатина на левата нога и повреда на градите.

На следното рочиште кое е закажано за 28 април ќе се сослушаат нови сведоци, а ќе бидат презентирани и обдукциските наоди од починатите 63 жртви.

К.Д.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ