Пред дваесетина дена Дрита Ислами постави државен рекорд на 400 метри со пречки (58,66), а сега го подобри за повеќе од една секунда, што е фантастичен резултат.
Таа на Европското првенство – трета дивизија кое се одржува во Лимасол истрча со време од 57,53 секунди со што постави ново најдобро македонско време во оваа дисциплина.
Ислами го освои првото место далеку пред конкуренцијата во втората финална трка, со оглед што станува збор за екипен шампионат во кој атлетичар(к)ите се борат за бодови за својата репрезентација, а не за личен пласман.
Со овој резултат Дрита освои 1.095 поени на табелата на Светската атлетска федерација.
Тренерот Игор Јакимовски изјави дека ова е убедливо најдобриот резултат во македонската атлетика во 21 век.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=HecAlTXFELo autoplay:0]






