среда, 22 април 2026

Драма во Франција, Верстапен го претекна Хамилтон во претпоследниот круг и победи на „Пол Рикар“!

Објавено на

часот

Сподели

Драматична и возбудлива трка на „Пол Рикар“. Макс Верстапен погреши на стартот, излета во првиот свиок и му го препушти водството на Луис Хамилтон, но со подобра стратегија на Ред Бул и две застанување во боксот, Холанѓанецот се искачи на највиското место на пиедесталот. 

Возбудувањата почнаа на 9 круга пред крајот на трката, Макс Верстапен го претекна Валтери Ботас и се пушти во потера на Луис Хамилтон. 

Британецот неколку круга одржуваше разлика, но во финишот не можеше да го следи темпото, Макс Верстапен ја топеше предноста и во претпоследниот круг го претекна лутиот ривал за победа на ГН на Франција. 

За викендот на Ред Бул да биде уште подобар, Серхио Перез ја доби битката со Валтери Ботас за последното место на пиедесталот. 

Ландо Норис беше најдобар од останатите, а во бодови уште завршија Даниел Рикардо, Пјер Гасли, Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел и Ленс Строл.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ