Македонија останува на првото место во Група Ј, вечерва во Брисел, Белгија со 4-3 ја доби пресметката против Велс.
Домаќините имаа 3-0 по дваесетина минути игра, но Вилсон длабоко во судиското надополнување на првиот дел намали на 3-1 и ја врати надежта кај гостите.
Томас по пет минути игра во вториот дел реализираше за 3-2 и најави дека Велс нема да се предаде лесно, за Џонсон во 70. минута со глава да погоди за 3-3 и шок на „Будуан“.
Белгија сепак успеа да се соземе, Лукаку погоди за 4-3 во 81. минута, но по долг преглед со ВАР, голот беше поништен поради аут на зачетокот од акцијата.
Но видео технологијата не можеше да го спаси Велс кога Кевин де Брајне остана осамен на подалечната статива во 88. минута и рутински ја затресе мрежата за 4-3 и огромна радост.
На останатите денешни натпревари, Храватска забележа уште една убедлива победа, овој пат со 5-1 ја победи Чешка во Група Л, додека пак Фарски Острови со 2-1 го совлада Гибралтар.
Спалети заминува од кормилото на Италија со триумф од 2-0 против Молдавија, но ништо не се менува на врвот во Група И откако Норвешка со минимални 0-1 славеше против Естонија.
KEVIN DE BRUYNE WINS IT IN THE 88TH MINUTE FOR BELGIUM! 🇧🇪👑pic.twitter.com/990Fx3Sz4t
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) June 9, 2025
ФОТО: X/@Cymru