Денеска изјава за медиумите даде Дарко Чурлинов кој имаше одлична сезона со Јагелонија од Полска.
„Одиграв добра сезона, имав одлична минутажа, но сега фокусот е на репрезентативните настапи. Денес нема големи фаворити, ние ќе мораме да придонесеме максимално на теренот и да ги одработиме задачите од селекторот. Нема разлика дали противникот е Белгија или Казахстан, ние секогаш ја претставуваме Македонија на највисоко можно ниво. Правевме анализи, имавме состаноци и се фокусираме најпрво на мечот со Белгијците. Тактички сме добро потковани, ќе го видите тоа и на самиот натпревар“, изјави Чурлинов.
Три дена по мечот со Белгија, Македонија гостува на Казахстан.