понеделник, 23 јуни 2025
Хрватот на 36 години прави трансфер од соништата

Барселона прави изненадувачки трансфер, на барање на Флик ќе го ангажира Перишиќ

„Каталонците“ размислуваат за изненадувачки трансфер и ангажман на Иван Перишиќ, зад зделката стои тренерот Ханси Флик, кој добро го познава Хрватот и смета дека неговата сестраност и искуство ќе бидат голем допринос за тимот.

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела, германски Билд објави дека Барселона сака да го донесе Иван Перишиќ, веста за изненадувачки трансфер сега ја потврди и Мундо Депортиво.

Повикувајќи се на извори блиски до тренерот Ханси Флик, весникот објави дека веќе се работи на зделката и Хрватот е желен за трансфер на Камп Ноу.

Луис Диаз и понатаму останува приоритет за засилување на левата крилна позиција, трансферите не се поврзани еден со друг.

Едноставно Ханси Флик сака да ја зголеми конкуренцијата во тимот, ја цени сестраноста и искуството на Иван Перишиќ, и смета дека репрезентативецот на „коцкестите“ може да има голем допринос за тимот и покрај тоа што има 36 години.

Двајцата добро се познаваат од времето во Баерн, Иван Перишиќ беше дел од составот кој во сезоната 2019/20 ја освои тројната круна со триумф во Бундеслигата, Лигата на шампиони и Купот на Германија.

Иван Перишиќ може беспари да се пресели на Камп Ноу, неговата плата нема да биде големо оптоварување за буџетот, па ова е уште една причина зошто да се реализира една ваква зделка.

ФОТО: X/PSV

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ