сабота, 14 јуни 2025

Англија загуби од Сенегал, прв пораз од африканска држава

Англија доби многу критики за играта на мечот со Андора кој го доби само со 1-0, а сега загуби со 3-1 од Сенегал на пријателски натпревар.

Објавено на

часот

Сподели

За фудбалската трагедија на Англија да биде уште поголема стои фактот дека мечот со Сенегал го играа на домашен терен, во Нотингем.

Составот беше силен, а Англичаните почнаа одлично, со гол на Хари Кејн уште во седмата минута. Но, тоа беше се што направија.

Сар, Диара и Сабали дадоа голови за Сенегал со кои оваа репрезентација ја победи Англија со 3-1.

Ова за Сенегал беше историска победа, не само за нив туку и за цела Африка. Тие се првата земја од овој континент која ја совладала Англија.

Томас Тухел го доживеа првиот пораз како селектор на Англија.

Фото: EPA

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ