Ѕвездата ТОИ-6894, околу која орбитира, беше откриена од телескопот ТЕСС на НАСА. Во откривањето на планетата учествуваа научници од универзитети од повеќе земји, меѓу кои и Велика Британија, САД и Белгија.
„Откривањето на ТОИ-6894б ја истакнува потребата за подобро разбирање на механизмите преку кои се формираат џиновските планети“, велат научниците.
Масата на ѕвездата околу која орбитира планетата е само околу 20 отсто од масата на Сонцето, според истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Како што е наведено, новооткриената планета е гасовита и нејзиниот дијаметар е поголем од оној на Сатурн, но нејзината маса е половина од тоа.
Во студијата се наведува дека врз основа на водечките научни теории, не се очекува околу толку мала ѕвезда да има поволни услови за формирање на планета од тој размер и нејзината орбита на таа локација.
„ТОИ-6894 е ѕвезда со најмала маса досега околу која е откриена џиновска планета што орбитира“, истакнаа научниците.
Тимот научници ќе продолжи да ја проучува атмосферата на планетата користејќи го телескопот Џејмс Веб на НАСА.