среда, 13 мај 2026

Продажбата на сладолед е зголемена во Швајцарија, причината ќе ве изненади

Продажбата на сладолед во Швајцарија се зголеми за два проценти во 2025 година, покажаа податоците од индустриското здружение Гласусвис.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Вкупно се продадени 44,9 милиони литри сладолед, од кои околу две третини, или 30,5 милиони литри, се од домашно производство. Дополнителни 5,5 милиони литри швајцарски сладолед се извезени на странските пазари, објави Свис инфо.

Најголем раст е забележан во вториот квартал од годината, кога продажбата се зголемила за 16,6 проценти, што е поврзано со повисоките температури.

Во првиот и третиот квартал продажбата се намалила, додека во последниот квартал забележан е благ раст од 1,4 проценти.

Трендот на раст на потрошувачката во домаќинствата продолжи, со зголемување од 2,3 проценти.

Клучно влијание врз продажбата

Вкупно се потрошени 28,7 милиони литри сладолед во различни пакувања, вклучувајќи корнети, лижавчиња и семејни пакувања, при што повеќекратните пакувања корнет забележаа најголем раст од 12,8 проценти.

Во сегментот на улична продажба е забележан раст од 1,7 проценти, додека продажбата на големо се зголемила за 1,2 проценти.

Податоците покажуваат дека временските услови продолжуваат да имаат клучно влијание врз потрошувачката на сладолед во Швајцарија, со сè поизразен тренд кон консумирање во домашни услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ