среда, 13 мај 2026

Истражување на 5.000 мажи откри што најмногу ги привлекува кај жените

Многумина веруваат дека мажите се најмногу привлечени од совршени облини или провокативна облека при првата средба, но едно големо истражување покажа дека работите сепак функционираат поинаку.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Студија спроведена меѓу пет илјади мажи открила што прво им го привлекува вниманието кога ќе видат жена која им е физички интересна.

Задникот се најде дури на осмото место, додека градите заземаа трета позиција. Мажите признаа дека сигурно ги забележуваат овие физички карактеристики, но дека тие не се клучни за првиот момент кога жената навистина ќе ги заинтригира.

Пред нив се најдоа детали кои на прв поглед делуваат многу посуптилни. Косата, телесната тежина, па дури и начинот на облекување се покажаа како поважни отколку што многумина би очекувале. Испитаниците објаснија дека стилот и целокупниот впечаток често откриваат нешто за карактерот, самодовербата и енергијата што ја носи жената.

Насмевката се најде на второто место на листата. Голем број мажи рекле дека искрената насмевка веднаш ги привлекува повеќе од ладен и недостапен изглед. Жена која изгледа весело, опуштено и пријатно остава впечаток на некој на кого сакаат да му се приближат и подобро да го запознаат. Токму насмевката, според нивните одговори, прави разлика помеѓу обична физичка привлечност и вистински интерес.

Сепак, апсолутен победник на истражувањето беа очите. Повеќето мажи изјавиле дека погледот е првото нешто што им го привлекува вниманието и дека очите се тие што оставаат најсилен впечаток. Не станува збор само за бојата на очите, туку и за изразот, длабочината на погледот и емоцијата што ја пренесува жената. Многумина признале дека токму контактот со очите ги привлекува најмногу и им ја буди желбата за понатамошна комуникација.

Резултатите од истражувањето покажаа дека првиот впечаток не се базира само на физичкиот изглед. Мажите, барем според одговорите на овие пет илјади испитаници, многу повеќе реагирале на харизмата, енергијата и начинот на кој жената комуницира со другите отколку на пропорциите на нејзиното тело.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ