„Пендаровски ја отвори Пандорината кутија: Дали правдата во Македонија се договарала зад затворени врати по барање на Никола Груевски? Граѓаните имаа можност да слушнат признание дека во највисоките државни кругови се разговарало за прашања кои треба да бидат исклучиво во доменот на независните институции и владеењето на правото, прашања врзано за можни амнестии, за враќање на лица осудени или обвинети за тешки кривични дела и за измени на Кривичниот законик кои подоцна суштински го променија системот на кривична одговорност.
Оттука прашуваме: дали во изминатиот период државните интереси биле потчинети на
политички договори помеѓу СДСМ и ДУИ? Дали измените на Кривичниот законик биле дел од однапред договорен политички план на СДСМ и ДУИ за заштита на поединци од кривична одговорност, по барање на Никола Груевски? Дали сето тоа е нотирано на фамозното УСБ стикче кое патувало на релација Будимпешта-Скопје? Дали правдата се креирала во политички кабинети наместо во судници и институции? И дали најважните правосудни процеси во државата биле предмет на политичко договарање наместо на законска постапка?
Особено загрижува фактот што овие информации не доаѓаат од политички противници, туку од човек кој бил претседател на државата и непосреден сведок на тие разговори.
Тоа ја прави оваа тема прашање од највисок јавен и државен интерес. Ние сметаме дека Македонија не може да гради европска иднина доколку останат неодговорени сомнежите дека во минатото политички центри на моќ одлучувале кој ќе одговара пред законот, а кој ќе биде заштитен од одговорност.
Затоа бараме целосно и транспарентно објавување на сите факти и информации поврзани со овие средби и разговори; надлежните институции да ги разгледаат сите наводи и да утврдат дали постојат елементи за политичка, институционална или кривична одговорност; СДСМ и ДУИ јавно да одговорат дали и во кој обем учествувале во политички договори поврзани со измени на Кривичниот законик и прашања од
областа на правосудството; Обвинителството и другите надлежни органи да утврдат дали постоеле координирани активности кои влијаеле врз владеењето на правото и
независноста на институциите.
Македонија мора конечно да стави крај на практиката политичките договори да бидат над законите, а партиските интереси над државните. Довербата во институциите може да се врати само преку вистината, одговорноста и еднаквоста пред законот.
Движењето ЗНАМ ќе продолжи доследно да се бори за држава во која правдата нема да биде предмет на политички пазар, туку темелна вредност врз која се гради стабилна, демократска и европска Македонија“, рече Мемов.





