четврток, 26 март 2026

Владата ќе ја менува Стратегијата за транспарентност

Владата на денешната седница усвои одлука за зајакнување на транспарентноста и отчетноста на државните институции. Според анализата на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, произлегло дека претходната влада реализирала само една активност од 24 мерки и 56 активности предвидени во акцискиот план на стратегијата.

Објавено на

часот

Сподели

Со денешната одлука, Владата го задолжила работното тело за спроведување на Стратегијата за транспарентност 2023–2026 во рок од седум дена да подготви измени на акцискиот план, со утврдување нови рокови и надлежни институции за реализација на активностите.

„Меѓу преземените мерки, се издвојуваат три: Министерствата и органите на државната управа во рок од 45 дена ќе ги објават сите информации од одговорените барања за пристап до информации од јавен карактер, анонимизирани, почнувајќи од 24 јуни 2024 година; Органите на државната управа кои немаат веб-страници, ќе ги креираат во рок од 90 дена; Министерствата и другите државни органи ќе ги објават на своите веб-страници внатрешните постапки за јавни набавки“, информираат од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи.

Институционалната транспарентност, додаваат, е врвен приоритет на оваа Влада.

„Ќе продолжиме да ја третираме оваа прашање со максимална сериозност, со цел да изградиме отворена и отчетна администрација кон граѓаните“, велат од кабинетот на Фетаи/ .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ