сабота, 15 ноември 2025
Локални избори 2025

Уште пет дена кампања

Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжат со претставување на своите програми и кандидати за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.

Објавено на

часот

Сподели

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, во Виница и во Кочани.

Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Кочани и Штип, каде ќе ги претставува своите кандидати за градоначалници и за советници.

Денес во 11 часот пред Драмскиот театар во населбата Карпош средба со граѓаните ќе има независниот кандидат за градоначалник на Скопје професорот Александар Рашковиќ и носителката на советничката листа политикологот Никица Милевска.

Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ