понеделник, 17 ноември 2025

Урсула фон дер Лаен наредната недела во Скопје

Идната недела Урсула фон дер Лаен, претседателката на Европската комија, ќе ја посети и Македонија како дел од нејзината турнеја во Западен Балкан.

Објавено на

часот

Сподели

Нејзината турнеја треба да почне на 13 октомври, а во Скопје и во Приштина треба да биде на 15 октомври.

Официјалната агенда уште не е соопштена, но познато е дека шефицата на ЕК ќе се сретне со целиот државниот врв. Посетата доаѓа во време кога македонската влада најави дека по завршувањето на изборите и стартот на новата година ќе се интезивира дијалогот со официјална Софија.

Годишниот извештај на Европската комисија за земјите од регионот обично се објавува во октомври, а сега овој документ ќе се објави во ноември, по завршувањето на турнејата по земјите од Западен Балкан на претседатеклката на Европската комисија.

Оваа турнеја ќе се оствари ако Урсула фон дер Лаен ги преживее двете гласања за недовероба (в четврток) во Европскиот парламент.

Дел од европарламентарците ја критикуваат Фон дер Лаен за нејзината трговска политика, за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД потпишан од Комисијата во август. Левицата ја обвинува Фон дер Лаен за „соучество во геноцид“ во Газа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ