„Телохранителот на Христијан Мицкоски, извесен Влатко Илиевски, со еден купопродажен договор продал земјиште од речиси 40.000 метри квадратни во регионот на Делчево во вкупна вредност од 500.000 евра. Парцелите кои Илиевски ги продал не ги купил, туку истите како дар ги добил само неколку недели пред да ги продаде. За оваа шема која се случила пред стартот на изборната кампања, предистрага има отворено и надлежна институција.
Сите јавно објавени документи покажуваат вмешаност на лица кои се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски – телохранител на Мицкоски, поранешен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево, татко на пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во приватни џебови или во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања? Потребна е брза, ефикасна истрага од надлежните институции која ќе ги даде сите одговори и ќе лоцира одговорност во оваа афера ‘криминални парцели’“, соопшти СДСМ.






